недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени шест лица

Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени шест лица

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце на влезот од село Теарце.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 19:30 часот помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(29) од село Слатино, Тетовско, патничко моторно возило „Ауди А-3“, исто така, со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Р.(32) од село Доброште и патничко моторно возило „Шкода Јети“ управувано од Ф.Н.(33) од село Слатино.

– По незгодата, со возила на Итна медицинска помош во Клиничка болница -Тетово биле пренесени Ф.Н. и сопатниците во возилото „Шкода Јети“ Љ.А.(41) од село Глоѓи, Д.П.(41) од село Слатино, сопатникот во возило “Ауди А-3“ Р.Б.(25) од село Доброште, возачот Б.С. како и сопатникот во истото возило Г.Х.(26), наведуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус