недела, 28. мај 2023. Вести денес: 7
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Штип – Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 10 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Според информациите на МВР, патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од страна на 50-годишниот Д.Ј. од Штип, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.З. (63) и С.З. (70), а со телесни повреди се здобиле Д.Ј. и сопатничката Л.Ј.(47) од Штип.

На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.