петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 100
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот с.Јакимово-Виница, почина маж

Тешка сообраќајка на патот с.Јакимово-Виница, почина маж

Пешак го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10.20 часот на локалниот пат село Јакимово-Виница.

На влезот на просторот за паркирање на возила, патничко возило „шкода октавија“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(29) од с.Лаки, виничко, удрило во пешакот М.Ј.(82) од с.Грлјани, виничко.

-Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Виница.