вторник, 21. август 2018. Вести денес: 30
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Прилеп- Битола: Се судрија полициска „Шкода Јети“ и „Пасат“

Тешка сообраќајка на патот Прилеп- Битола: Се судрија полициска „Шкода Јети“ и „Пасат“
фото илустрација

Вчера во 21 часот и 20 минути на патот Прилеп-Битола, на клучката „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Шкода Јети“, сопственост на МВР, управувано од 49- годишниот Ц.В од село Десово, и сопатник 52- годишниот Б.Д од Прилеп и патничко моторно возило „Пасат“ управувано од 23- годишниот Д.А од Кавадарци.

Во незгодата сопатникот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, укажана му е лекарска помош во Градска болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.