недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, едно лице го загуби животот
илустрација

На 05.12.2020 во 11.15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од  С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот, информира МВР.

Од полицијата посочуваат дека на местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.

Коронавирус