недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Подмоље-Ќафасан, повредени две лица

Тешка сообраќајка на патот Подмоље-Ќафасан, повредени две лица

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11 часот на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан.

Во несреќата учествувале, „фолксваген голф“, управуван од Е.Ц.(21) од с.Шум и „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Коронавирус