сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, сообраќајот се пренасочува

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, сообраќајот се пренасочува

Три патнички возила и едно товарно возило учествувале во сообраќајна несреќа која денеска околу 15 часот се случила на патот Охрид-Кичево кај Св. Еразмо, потврдуваат од СВР Охрид за Курир.

Неофицијално во несреќата има повредени лица, но засега не се знае карактерот на повредите и бројот на повредените.

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за Курир изјави дека полициски екипи се на терен и во тек е увид на местото на несреќата по што ќе бидат познати повеќе детали.

До завршување на полицискиот увид и расчистување на местото на несреќата, сообраќајот се пренасочува по стариот пат Охрид-Струга.

Коронавирус