четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредени три лица

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредени три лица

На 28.02.2021 во 13.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебарца, патничко возило „шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(78) од Струга, изгубило контрола и излетало од патот.

-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.М.(63) од струшкото село Лабуништа и Д.Ф.(24) од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Охрид.

Коронавирус