сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Куманово-Скопје, повредени три лица

Тешка сообраќајка на патот Куманово-Скопје, повредени три лица

На 08.12.2018 година околу 05:45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Љубодраг се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Б.Ј.(46) од Куманово, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н.(27) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „Шевролет спарк“ Д.Н. (49) од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус