Две лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 20:10 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје кај село Никуштак.
Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале „Фолксваген Венто“ управуван од А.А.(30) од село Никуштак и „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Б.(21) од село Орланце, скопско.
-По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се констатирани тешки телесни повреди, по што А.А. е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
Извршен е увид на местото на настанот.