сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 84
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Јажинце-Тетово, момче со сериозни повредно итно пренесено во Клинички

Тешка сообраќајка на патот Јажинце-Тетово, момче со сериозни повредно итно пренесено во Клинички
илустрација

Седумнаесет годишно момче е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19,30 часот на регионалниот пат с.Јажинце-Тетово.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ф.К. (43) од Тетово и мотоцикл „Кумко“ управуван од 17 годишно лице од Тетово.

-Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста истиот бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус