среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, мотоциклист итно пренесен во Клинички

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, мотоциклист итно пренесен во Клинички

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка која вчера околу 14.40 часот се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Од полицијата информираат дека дошло до судир помеѓу автобус непозната марка, патичко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ч., мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од В.Р. (36) од Република Словенија и мотоцикл „Јамаха“ со  словенечка национална ознака, управуван од С.Ш.(37) од  Република Словенија.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

Коронавирус