вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на „Илинденска“- две лица се тешко повредени

Тешка сообраќајка на „Илинденска“- две лица се тешко повредени

На 19.02.2018 година во 01,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот “Илинден“ во близина на крстосницата на улица “Бледски договор“ патничко моторно возило “Сузуки Свифт“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.С.(54) од Скопје удрило во бетонска жардињера.

Од незгодата со повреди се здобиле возачот Д.С., како и сопатниците В.Т.(46), Ј.Н.(49) и М.Б.(50) сите од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Кај возачот Д.С. и сопатничката В.Т. биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани за понатамошно лекување.

Кај сопатниците Ј.Н. и М.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус