петок, 4. декември 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, повредени три лица

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, повредени три лица

Три лица се повредени, од кои една жена потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на автопатот Тетово – Скопје.

Во несреќата учествувале  „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(58) од Тетово, товарно возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(28) од Скопје и „рено канго“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(61) од с.Озормиште.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Б.(57) од с.Озормиште, сопатничка од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачите Т.З. и М.Б.. Тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Коронавирус