На автопат Скопје – Куманово вчера во 10 часот автомобил „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки управувано од Ѓ.Ѓ.(64) од Струмица излетало од коловозот.
-Во незгодата со повреди се задобиле Ѓ.Ѓ. и сопатничката С.М.(25) од Скопје кои се пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор на Ѓ.Ѓ. му се констатирани повреди, додека на С.М. констатирани и се тешки телсни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.