сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на автопатот Градско-Велес, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка на автопатот Градско-Велес, едно лице го загуби животот

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила пред наплатната станица „Градско“ на автопатот Градско-Велес.

Автомобил „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки управувано од С.И.(70) од Велес изгубило контрола излетало од коловозот и се превртело.

-По незгодата соптникот во возилото Ѓ.М.(70) со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди но од здобиените повреди истиот починал, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Коронавирус