понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Хроника

Тешка сообраќајка: Мотоциклист итно пренесен на Клиника, повредена е и жена

Тешка сообраќајка: Мотоциклист итно пренесен на Клиника, повредена е и жена

Вчера околу 15,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пекланска река-Бигла се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ управуван од Д.Г.(27) од Виница и патничко моторно возило „Рено“ со делчевски регистерски таблици управувано од Г.С.(48) од с.Драмче-Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот кој со возило на Итна медицинска помош – Виница бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобила Ј.П. од Делчево сопатник во возилото.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.