недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка: Момче со автомобил завршило под мост, со тешки повреди пренесено на Клинички

Тешка сообраќајка: Момче со автомобил завршило под мост, со тешки повреди пренесено на Клинички

Вчера во 17:10 часот на регионалниот пат Виница-Берово, поточно на мостот на Ленишка Река, патничко моторно возило „Дачија Дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Б. (26) од Виница поминало на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот.

Возачот Н.Б. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен до Клиничката болница во Кочани, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен  од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус