четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Зајас: Загина момче, две лица тешко повредени

Тешка сообраќајка кај Зајас: Загина момче, две лица тешко повредени

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера се случила на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влезот во с.Зајас.

Во несреќата учествувале „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(22) од с.Србица, „сеат алхамбра“, со кичевски регистарски ознаки, управувана од С.С.(63) од Кичево и  „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(23) од с.Горно Строгомиште.

-Во незгодата, А.Ј.(54) од с.Г.Строгомиште, сопатник од возилото „форд ескорт“, од здобиените повреди починал. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.Ј. и С.С., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, во присуство на Јавен обвинител.

ЕУРО 2020

Македонија