понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Зајас, повредени седум лица

Тешка сообраќајка кај Зајас, повредени седум лица

Сообраќајна несреќа во која повредени се седум лица, од кои една жена потешко, се случила вчера попладнена магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас.

МВР информира дека во несреќата учествувале „Голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ш.В.(32) од Кичево, „Пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(55) од Тетово и „Голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(52) од Кичево.

-Во Медицинскиот центар Кичево тешки телесни повреди биле констатирани кај возачот Ј.В., а кај сопатниците од нејзиното возило А.А.(23) и Е.С.(23), двајцата од Кичево, кај возачот Ш.В. и неговите сопатници С.С.(22) и А.С.(32) од Кичево, како и кај возачот Џ.А., биле констатирани телесни повреди, информираа од МВР.

Извршен е увид на местото на незгодата.

Коронавирус