петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Радовиш: Пожарникарите го сечеле кровот на возилото за да ги извлечат повредените (ФОТО)

Тешка сообраќајка кај Радовиш: Пожарникарите го сечеле кровот на возилото за да ги извлечат повредените (ФОТО)

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14 часот на регионалниот пат Радовиш-Подареш во близина на с. Ораовица.

– Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Голф 3“ со радовишки регистерски таблици и патничко моторно возило „Митсибуши“ со бугарски национални ознаки, информираат од МВР.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и било пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што сведочеле очевидците, пожарникарите морале да го сечат кровот на едното од возилата за да ги извлечат повредените.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус