вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 6
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Карпалак

Тешка сообраќајка кај Карпалак

На 30.07.2021 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, пред Карпалак, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(40) од Кратово, со живеалиште во Скопје и влекач „мерцедес“, со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(27) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата Љ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Коронавирус