Жител на Арачиново се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќакоја се случила вчера попладне на регионалниот пат Скопје-Велес кај с.Арачиново.
Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од Љ.Р.(35) од с.Арачиново-скопско и товарно моторно возило “Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од А.С.(36) од с.Грушино-скопско.
-По незгодата Љ.Р. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.