понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 27
home Хроника

Тешка несреќа во Србија: Македонски возач на камион загина во сообраќајка

Тешка несреќа во Србија: Македонски возач на камион загина во сообраќајка

Македонски државјанин возач на камион, загина ноќеска околу 3:30 часот во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Ниш – Белград, во близината на Нови Врачин, дознава ТВ21.

Според српските медиуми, несреќата се случила кога камионот со кој управувал македонскиот возач, удрил во два други камиони кои биле паркирани на третата лента. Притоа, повредени се двајцата возачи на другите камиони.