петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 106
home Хроника

Тешка несреќа во Македонија – Две лица во болница

Тешка несреќа во Македонија – Две лица во болница

Две лица се повредени во несреќа во Куманово и се итно префрлени во болница.

Околу 21.20 часот на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.М. од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од 26-годишниот А.К. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К. додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.