четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 123
home Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Патнички воз удри во автомобил кај Прилеп

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Патнички воз удри во автомобил кај Прилеп

Две лица се повредени во железничка несреќа која вчера попладне се случила непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп.

Од МВР информираат дека несреќата се случила помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп.

-Во незгодата со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош, информира МВР.

Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус