среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 14
home Хроника

Тешка несреќа на Божиќ: Пежо излета од патот Куманово – Скопје, повреден возач

Тешка несреќа на Божиќ: Пежо излета од патот Куманово – Скопје, повреден возач
фото илустарција

Возач е повреден откако со автомобил  „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки излетал од регионалниот пат Куманово – Скопје.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 16.10 часот на влез во с.Умин Дол, кумановско.

-Во незгодата со повреди се здобил возачот П.Г.(61) од Куманово, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.