сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 18
home Хроника

Тешка несреќа на автопатот од Велес кон Скопје

Тешка несреќа на автопатот од Велес кон Скопје

На 21.07.2018 година во 15,20 часот на автопат од Велес кон Скопје, во близина на патарината кај Петровец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П.(53) од Скопје и моторцикл “Дукати Панигале“ со скопски регистерски таблици управуван од Љ.К.(44) од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус