понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Хроника

Тешка кражба во Велес

Тешка кражба во Велес

На 23/24.02.2018 година во периодот од 20,30 до 04,30 часот во Велес во продавница на ДОО „Нептун“, непознат  сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на подесен алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лап-топ компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот.

Во истиот временски период, извршено е и кривичното дело “одземање патничко моторно возило“, при што е одземено „Фиат Уно“ со велешки регистарски таблички , сопственост на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на наведената продавница.

Коронавирус