недела, 20. септември 2020. Вести денес: 92
home Хроника

Тешка кражба во стан во Битола

Тешка кражба во стан во Битола

Станот на 41 годишниот Љ.М., лоциран на улицата „Павел Шатев“ во Битола бил ограбен вчера во период од 8 до 16.50 часот.

-Сторителот, со подесен алат ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и  одзел еден пиштол марка „ЦЗ М57“ калибар 7,62 мм,  дигитален фотоапарат, шест рачни часовници, разновиден накит и еден плик со 20.000 денари и 150 евра, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120. 000 денари, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус