понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Хроника

Тешка кражба во новогодишната ноќ во Скопје

Тешка кражба во новогодишната ноќ во Скопје

На 01.01.2018 година околу 01,50 часот во Полициската станица Бит Пазар, В.С. (1979) од Скопје , пријавила дека ноќта на 31.12.2017/01.01.2018 година во времето од 20,30 до 02,00 часот, непознат сторител  извршил тешка кражба во нејзиниот стан.

-На тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел: 7 рачни часовници (машки и женски), златна алка и пиштол „Црвена Застава 99“, со 2 рамки по 10 куршуми, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг А.С. (1968), велат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Коронавирус