сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 57
home Хроника

Тепачка во кичевски Зајас, едно лице тешко повредено- еве ги деталите

Тепачка во кичевски Зајас, едно лице тешко повредено- еве ги деталите

Едно лице е повредено во тепачка во угостителски објект во кичевското село Зајас која се случила ноќеска во во 3:40 часот.

Од полицијата информираат дека вербалната расправија помеѓу К.Л. (32) од село Колибари и У.З.(38) од Кичево преминала во тепачка. К.Л. се здобил со телесни повреди што биле констатирани во Општата болница во Кичево.

Полициската станица од Зајас презема мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава за овој настан, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Коронавирус