На улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар пред куќа сопственост на А.А.(40), вчера попладне по претходна вербална расправија настанала тепачка меѓу лицата Ѓ.Ј.(59) и неговиот син М.Ј.(38) од Гостивар, како и посочениот А.А.
Со намера да ги раздели, се вклучил и М.И. (27).
-Во еден момент Ѓ.Ј. извадил гасен пиштол и со истиот го удрил М.И. во пределот на главата. Со повреди се здобиле сите учесници во настанот и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар се пуштени за домашно лекување, информираат од МВР.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
loading...