Хроника

Тепачка во автобус на ЈСП, приведени двајца малолетници

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тепачка во автобус на ЈСП, приведени двајца малолетници

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 14:20 часот на подрачјето на Гази Баба привеле двајца малолетници од Скопје.

-Тие се сомничат дека околу 14.10 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Гази Баба со уште неколку други малолетници физички нападнале двајца други малолетници, исто така, од Скопје, при што оштетиле и стакло на автобусот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top