четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Тепачка помеѓу две групи мигранти: Две лица со тешки повреди пренесени во болница во Куманово

Тепачка помеѓу две групи мигранти: Две лица со тешки повреди пренесени во болница во Куманово

Во Полициското одделение Матејче, вчера во 14.30 часот, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет.

М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус