петок, 20. април 2018. Вести денес: 160
home Хроника

Тепачка меѓу две жени на нива во скопско- прво ја удирала со клешти по главата, па почнала да ја дави со раце

Тепачка меѓу две жени на нива во скопско- прво ја удирала со клешти по главата, па почнала да ја дави со раце

На 15.04.2018 година во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С.(47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С.(59) од истото село.

Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.

Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда.

После тоа,  ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.