петок, 23. август 2019. Вести денес: 8
home Хроника

Телото на удавеното девојче во базен во Битола дадено на обдукција- МВР со детали

Телото на удавеното девојче во базен во Битола дадено на обдукција- МВР со детали

Во битолската Клиничка болница вчера било донесено 14-годишно девојче кое починало во базен на улица „Довлеџик“.

Од МВР информираат дека вчера, околу 12:45 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Клиничката болница во Битола било донесено починато 14-годишно девојче, кое починало околу 10:00 часот во базен на улица „Довлеџик“.

По наредба на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.