сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 10
home Хроника

Тажна вест: Почина Ристо Палигора

Тажна вест: Почина Ристо Палигора

Ненадејно денеска почина Ристо Палигора, советник конзерватор во Завод и музеј –Битола.

Палигора е роден во 1961 година во Битола и е познат експерт во државата од областа на конзервацијата и историјата на уметност. Тој учествуваше во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагаше за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион.

Последно, Палигора беше вклучен во изработка на проектот за заштита на црквата „Св Ѓорги“ во селото Курбиново, Преспа .

Беше автор на голем број дела поставени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга ја објави еден месец пред да почини, беше посветена на Влашката црква во Битола.

Извор: ТЕРА

Коронавирус