недела, 27. септември 2020. Вести денес: 104
home Хроника

Татко и син пиеле алкохол, се скарале, па синот пукал со пушка

Татко и син пиеле алкохол, се скарале, па синот пукал со пушка

Татко и син од селото Брвеница седеле и конзумирале алкохол, по што се скарале па синот М.Г. (53) извадил ловна пушка која ја поседувал со одобрение.

Тој испукал два патрона во плафонот, по што М.Г. и таткото С.Г. (77) биле приведени во Полициска станица каде што било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и биле задржани до нивно отрезнување.

Со потврда за привремено одземени предмети од С.Г. била одземена ловната пушка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус