петок, 3. април 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Татко и малолетна ќерка меѓу повредените во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје

Татко и малолетна ќерка меѓу повредените во сообраќајката на автопатот Велес – Скопје

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот е сé уште во прекин, информираат за МИА од СВР Велес. Велат и дека увидот трае, но наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.

Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

Коронавирус