вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 171
home Хроника

Татко го нападнал синот поради неплатени сметки

Татко го нападнал синот поради неплатени сметки

Четириесетгодишниот Б.Б. од тетовското село Шемшово, вчера пријавил дека околу 13 часот неговиот татко Б.Б. (71) физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека тој со секира сечел дрва.

-Татко му најпрво започнал да се расправа околу неплатени сметки за електрична енергија и со тупаница го удрил по лицето, а откако бил турнат од пријавителот, станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што Б.Б. (40) задобил расекотина на десната дланка, информираат од СВР Тетово.

Се вмешале нивните најблиски и ги раздвоиле, а Б.Б. (73) нешто подоцна повикан е во Полициското одделение Јегуновце, одземена е секирата и се расчистува случајот.

Локални избори 2021