недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Таксисти се степале поради патник – едниот завршил убодна рана, а другиот со скршена глава

Таксисти се степале поради патник – едниот завршил убодна рана, а другиот со скршена глава

Двајца таксисти се степале на Автобуската станица во Тетово поради патник, при што еден на друг си нанеле тешки и крвави повреди. 56-годишен таксист со иницијали Ф.А. завршил со убодна рана во пределот на стомакот, а 55-годишниот К.М. со тешки повреди во пределот на главата.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за “тешка телесна повреда“.

–На 27 август годинава околу 05:00 часот на Автобуската станица во Тетово, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во врска со такси превоз на лице, помеѓу пријавените таксисти настанала физичка пресметка во која истите си нанеле тешки телесни повреди, при што Ф.А. со употреба на тврд предмет му нанел повреди на К.М. во пределот на главата, додека К.М. со употреба на нож му нанел повреда на Ф.А. во пределот на стомакот, по што бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

Коронавирус