петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Хроника

Таксист во Охрид нападнат и ограбен од тројца патници

Таксист во Охрид нападнат и ограбен од тројца патници

Триесет и едногодишен таксист Љ.Ј. од Охрид бил физички нападнат и ограбен од три лица кои претходно со такси ги превезол од дискотеката „Парк“ до булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Физичкиот напад и разбојништвото тој ги пријавил утрово во 4.25 часот во СВР Охрид.

Како што соопшти МВР, тројцата засега непознати лица при излегување од таксито на бул. „Туристичка“ физички го нападнале возачот ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15.000  денари.

Таксистот добил повреди на левата аркада и оток околу левото око. Лекарска помош му била укажана во Општата болница во Охрид.

Коронавирус