Во Полициската станица Чаир, вчера во 20.55 часот, С.Ф.(43) од Скопје, вработен како таксист, пријавил дека околу 20.15 часот на булевар „Никола Карев“, додека управувал патничко возило „дачиа логан“, со скопски регистарски ознаки, бил нападнат со остар предмет од патник кој го превезувал, при што му одзел пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
loading...