среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Таксист од Богданци лишен од слобода заради превоз на забранети стоки за тргување

Таксист од Богданци лишен од слобода заради превоз на забранети стоки за тргување

На регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од гевгелиската полициска станица запреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски таблици, сопственост на такси компанија кое било управувано од П.Л. (46) од Богданци.

Како што соопштуваат од полицијата, настанот се случил на 28 февруари околу 11:30 часот, кога при рутинска контрола и извршениот преглед во возилото биле пронајдени 20 кутии и 10 кеси со различни натписи, наполнети со рефус тутун, кои по член 60 од Законот за акцизи се предмет на кривично дело „недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“.

Такси возачот, според билтенот од МВР Струмица, бил лишен од слобода, а пронајдените предмети и возилото биле одземени.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус