сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 13
home Хроника

Таксист нападнат и ограбен на „Џон Кенеди“ во Скопје

Таксист нападнат и ограбен на „Џон Кенеди“ во Скопје

На 21.04.2018 година во 21:45 часот во Скопје, Д.А. вработен како таксист, со патничко моторно возило „Рено Меган Скеник“ со скопски регистарски ознаки сопственост на такси компанија превезувајќи две непознати машки од автобуска станицаРекорд“ до улица Џон Кенеди“, му била извршена разбојничка кражба од страна на двете лица.

Притоа тие му одзеле мобилен телефон со што се стекнале со противправна имотна корист од 2.000 денари. Имено, според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците Џон Кенеди“ иЛазо Трповски“ откако Д.А. застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон.

Возачот се обидел да го спречи во намерата но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Коронавирус