сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

СВР Штип проведе две лица осомничени за 11 тешки кражби

СВР Штип проведе две лица осомничени за 11 тешки кражби

По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип на вчера лишени се од слобода М.А.(33) од Штип и П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека сториле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево, од каде одзеле разни предмети, соопштија од МВР.

– Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство, соопштија од МВР.

Коронавирус