петок, 7. мај 2021. Вести денес: 149
home Хроника

Сведоштво за страшната трагедија која утрово ја потресе Македонија

Сведоштво за страшната трагедија која утрово ја потресе Македонија

Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот во Тетово, сведочи роднина на семејството Зулбеари, во чија куќа утринава се случи трагедија.

Тетовецот Фетиш Алиу вели дека во 4 часот изутрината разбрал дека избувнал пожар во куќата на неговите роднини.

„Свекорот и свекрвата се обиделе да ја спасат снаата и четирите деца, но не успеале поради силниот пламен кој се издигал“, вели Алиу.

Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари.

Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.

Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата Гоце Делчев успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата.

Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици. Во моментот кога се случила трагедијата мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа.

Во пожарот ги изгубиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Коронавирус