Едно лице се здобило со повреди во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.
Несреќата, информираат од МВР, се случила кај населбата Дамјан на патот Радовиш-Штип, во 13:30 часот.
-Во истата учествувале „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(69), од с.Ињево, „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(60), од Струмица, и „опел вектра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.П.(32) од с.Војславци, велат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Р. и бил пренесен во Клинички центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.