недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 46
home Хроника

Судир на Голф и трактор, повредени две лица

Судир на Голф и трактор, повредени две лица

На регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од с.Боговиње, тетовско.

-Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Коронавирус